Press "Enter" to skip to content

Урбан Лесјак: Кил не помина премногу лесно во Битола, гостувањето во Германија ќе биде одлична можност за нас

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битолаутре ќе го игра натпреварот од Лигата на Шампионите против првакот на Германија. На задолжителната прес-конференција која се одржа во прес-центарот на клубот зборуваше голманот Урбан Лесјак. 

Лесјак  за тешкиот предизвик наречен Кил верува дека тимот може да извлече позитивен резултат. 

-Играме во најракометната земја во Европа. Имаат најдобра лига, екипите се силни, салите им се секогаш полни, па така ќе биде и во Кил. Одиме со ист мотив и сакаме да се претставиме подобро од првиот натпревар во Битола. Овој меч ќе биде одлична можност за нас. Покажавме и на првиот меч дека можеме да се надигруваме со нив. Загубивме со три разлика, но мислам дека дуелот се одлучуваше „на една топка“ и жал ми е што не извлековме подобар резултат тогаш. Ќе отидеме во Германија со иста желба за претставување во најдобро можно светло. Многу нешта ќе зависат од нас, мораме „машки“ да влеземе во секој дуел, да не се плашиме од ништо. Само така можеме да бидеме во егал и да се надеваме на нешто големо. Вербата и желбата мора да постојат од првата секунда, а потоа се е можно. Физички сме во солидна кодиција, иако некогаш малку преовладува заморот. Сите сме искусни и ова темпо не е непознаница за играчите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »