Press "Enter" to skip to content

Битолскиот дувачки оркестар со коцерт за душа “FUNK & SOUL” (фотогалерија + видео)

-Вечерва во Центарот за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар  одржа концерт насловен „FUNK & SOUL”, а како гостинка пред публиката во Битола пееше Ана Петановска.

Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција. На иницијатива на професот Марјан Бакревски оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка.Од тогаш секоја година веќе девет години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Денес во ново светло, со нови музички лица од кои зрачи љубов и емоција, битолскиот дувачки оркестар се претстави пред публиката во големата сала на Центарот за култура во Битола.Публиката  која синоќа присуствуваше на концертот имаше можност час и половина да ужива во звуците на Funk & Soul музика која маестрално ги изведе оркестарот.

Помеѓу изведбите  професорот Марјан Бакревски низ сите години на концерти стана миленик на битолската публика, бидејќи со своите интересни обраќања помеѓу изведбите стана препознатлив по својот специфичен хумор. 

Гостин на концертот беше солистот  Ана Петановска, која јавноста ја знае како девојката која маѓепсува со својот глас.На битолската публика и е позната по своите настапи на концерти.Таа со своите изведби ги воодушеви присутните, а битолската публика ја награди со силен аплауз.На репертоарот беа изведени голем број на популарни светски хитови од Ејми Вајнхаус, Арета Френклин, Ренди Крафорд, Херби Ханкок и многу други.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »