Колку е значајно тоа што во Битола имавме ретка прилика да ги гледаме натпреварите од Лигата на Шампиони каде екипата на Еурофарм Пелистер се натпреваруваше со европските ракометните гиганти е пишувано многупати.
Во таа насока ќе го одбележиме, со текст и фотографија, тоа што се случуваше после натреварот против екипата на Алборн од Данска.
Стотици деца од Битола, повеќе од еден час ги чекаа данските репрезентативци кои само пред помалку од еден месец го гледаа на тв екраните како се борат за европското злато, но, сепак најголем интерес покажаа кон Хансен, кој мораше обезбедувањето да го однесе до автобусот, со кого сакаа да се фотографираат, за спомен дека тој “голем“ ракометар бил до нив, иако само на десетина секунди.
Радоста кај оние кои успеаја да “направат селфи“ беше неизмерна, а оние кои не успеја во гужвата да дојадат до омилениот раконетен херој, видна беше разочараност, но на крај сите со аплауз го испратија брендираниот автобус со данските ракометари.

Стотици деца повеќе од еден час го чекаа Хансен да се фотографираат пред салата во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Силни умови, храбри гласови, здрава иднина, работилница во Медицинско
- Голема меѓународна акција на Интерпол, контроли и прегледи на 548 селектирани лица и 382 возила
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, темпрературата до 18 степени
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица
More from СпортMore posts in Спорт »









