Press "Enter" to skip to content

“Креативна работилница“ на продукција “Божиловиќ“ во Офицерски дом во Битола (фотогалерија)

-Облекувањето е најуниверзалниот јазик, се претставувате без да изговорите ниту еден збор“

Модата ќе постои се додека постои човештвото, таа е секогаш помеѓу првите редови во музика, спорт, филм, наука, едноставно во сите сфери на нашето живеење, а „Облекувањето е најуниверзалниот јазик, се претставувате без да изговорите ниту еден збор“ беше еден вид идеја водилка на “Креативната работилница“ која се одржа во Офицерски Дом во Битола.Сите промотивни активности повторно беа задача на Продукција Божиловиќ, кои со организирање на настанот КРЕАТИВЕН ДЕН, го “положија“ испитот за најголеми нивни промотори и поддржувачи. Продукција, на која младите им се во фокусот на внимание и се водат од паролата „Најдобро се учи низ забава“.Целата идеа за организирање на „Креативната работилница“ потекна од намерата да се промовира текстилната струка, всушност главната причина поради која постои и КРЕАТИВЕН ДЕН. Весна Божиловиќ од Продукција Божиловиќ за настанот Креативна
работилница истакна:-Мило ми е што предизвикавме голем интерес и денес салата во Офицерски дом е полна, но предвидените два часа за презентации навистина малку, затоа што, како што истакнуваат тимот професорки, кои се тука со нас, составен од Анита Стефановска, Ема Ќука и Живка Т. Ицановска заедно со нивниот колега Горан Ангелов, текстилната струка е една од најстарите струки и индустриски гранки. Исто така се смета дека е една од првите обиди за уметничко изразување, многу динамична, иновативна, комплексна и за истата може да се зборува многу подолго. Тие сметаа дека е потребно да се направи промена во пристапот кон основците, потенцијални средношколци. Денес се присутни гости од повеќе градови, а заедничка карактеристика која ги спојува е токму текстилот и модниот дизајн, секој од нив успешен на свој начин, ја раскажа својата приказна и важноста од развој и едукација во областа на текстилот и моден дизајн.Тимот професорки ја отворија работилницата, со краток вовед за важноста и влијанието на текстилната струка во заедницата, како и предметите кои се изучуваат и степенот на знаење кое се стекнува.Со свои презентации се приклучија: нашата почитувана Наде Геневска Брачиќ – етнолог од Музеј Битола, во кратки црти зборуваше за модата како уметност и дел од културата како концепт на живеење.

Потоа се претставија трите нови модни брендови од Битола – FREAKY , 13 clothes, a_court_, беа премногу инспиративни, мотивирачки и добра пример дека текстилот и модата игра важна улога во нашите животи, така на пример Никола и Стефан под брендот FREAKY од аспект ИТ техничари и програмери и постојаната работа пред компјутер и потребата од комотна облека соодветна и за спиење, дневен одмор, па и „скок “ до најблискиот маркет, така се роди идеата за нивната модна линија, оригинални сами по себе, го принтаат дезенот и дизајнот на текстил. Брендот , 13 clothes е наменет за љубители на ектремни спортови скејтери, сурфери, со нивниот немирен дух и енергија најкмфорно ќе се чувствува во дуксерите од овој бренд.Брендот a_court_ го потпишува тенисерскиот судија Анета Павловска, наша млада креативка, која од природата на нејзината професија и постојаното патување (живот со секогаш подготвен куфер), на нејзините шапки, беретки и други модни додатоци ќе го почувствувате нејзиниот романтичен дух и сензибилитет кој го формира со впивањето и мешање на културите на сите меридијани.За сериозните чекори кои се превземаат во нашата држава за подобрување на имиџот и враќање на довербата кон текстилната струка и модниот дизајн, зборуваа од Академија СКАЛА- Скопје и Првото Дизајн Студио BLACK BELLO – Виница, во одлична соработка со текстилната фабрика АЛБАТРОС – Штип.Од Академијата СКАЛА зборуваа за нивните студии за моден дизајн и големиот интерес помеѓу младите, а BLACK BELLO – ни покажаа дека македонскиот дизајн се почитува во светот, работат на 3Д дизајн и дигитална мода со повеќе познати модни брендови.Организаторите на крај, пред да ги повикаат присутните ученици да погледнат демонстрација на вештините презентирани од средношколците на текстилната струка, како заокружување на првиот дел од работилницата, ја презентираа дигиталната платформа ZARYA, која се наметна како потреба за дополнителна промоција на сите домашни брендови и трговски марки, како и помош при продажба на истите.Дигиталната платформа е изградена заедно со графички дизајнери, софтвер девелопери и стручни лица за дигитален маркетинг од Академија Јавен Адвертајзинг, кои покажаа голема општествена одговорност и поддршка на стручното образование. Нивните студенти, под менторство на нивниот едукатор Симона Василевска, ова беше предизвик да се работи на реална задача, а студентите покажаа голема одговорност и познавање на материјата. Дигиталната платформа ќе служи креирање на конкурентска, инспиративна креативна работна клима.Дигиталната Платформа ZARYA исто така ќе служи за подигање на еко свеста, употреба на еко материјали, паметно купување и секако одговорно менаџирање со текстилниот отпад, поради што беа присутни од ТЕКСОМАК компанијата, претставувана од г-ѓа Евгенија Најдоска, за активностите и резултатите на оваа компанија допрва ќе се слуша, формирана да одговори на потебите од правилно менаџирање со текстилот, реупотреба на истиот.Учениците кои присуствуваа заинтересирано го следеа демонстрирањето на вештините од средношколците, а за крај пораката од организаторите е дека изборот Образование и струка е многу важно прашање, на кое треба секој поединечно да си одговори, според своите афинитети, желби и потенцијал. Поради сите иновативни карактеристики текстилната струка и модниот дизајн, истата би била добар избор за сите млади креативни лица, иноватори, неуморни, во оваа струка може да ги најдат одговорите на нивната љуботипност, желба за истражување, иновации, лесно и брзо финансиско осамостојување, претприемништво, па ако сакате дури и фриленсерска работа преку дигитални платформи и работа од било каде.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »