Press "Enter" to skip to content

Повеќе од 500 моторџии на “Магнолија“ во Битола ја отворија мото сезоната 2024 (мега фотогалерија)

Денес на плоштадот “Магнолија“ во Битола мото асоцијацијата на Македонија на мото клубови во Битола ја отвори мото сезоната за 2024 година, а домаќини на 500 моторџии од 11 клубови, членски на мото асоцијацијата беа моторџиите од мото клубот Конзули од Битола.Во Битола покрај членовите на клубовите  беа и слободни возачи, а сите ја искоритија приликата да ги покажат своите мото миленици, секако дел од нив се уникатни примероци, кои заслужуваат големо внимание.На “Магнолија“ ги имавме сите светки брендови на мотори и заштитна опрема, а како некои нагласија ова е саем на мото културата во Македонија.За оваа прва годинешна средба на мотоџиите од Македонија во Битола, претседалот на мото асоцијата на Македонија, Борче Серафимовски, инаку член на мото клубот од Свети Николе рече:-Овој настан во Битола е во организација на мото асоцијата на мото клубови од Македонија, во која членуваат единаесет мото клубови, секако со тенденџија да се приклучат и сите останати. На наше големо задоволстви денес Битола е центарот на мото културата, центарот на моторџиите. Покрај членовите кои дел од мото асоцијаџијата денес имаме заедно со нас и моторџии од разни клубови и слободни возачи. Ова е симболично отворање на новата сезона 2024 година, кое го преземавме како мото асоцијација е ќе го организираме традуционално секоја година. На сите моторџии им посакувам добро здравје, безбедно да возат, да носат заштитна опрема, да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните прописи и другите учесници, да имаат убави дружби, убави моменти.Томче Спировски од Битола денес беше највозрасниот моторџија. За неговиот 55 годишен моторџиски стаж има возено десет мотори, а битолчани го познаваат како голем љубител на мото спортот и на автомобилизмот. -Да се вози мотор значи да се доживее најголемото задоволство. Како да лебдиш, да пливаш, да уживаш, како рибата во вода, како птицата во воздухот, а тоа чувство го има од почетокот кога започна па и сега на 75 години. Ќе возам додека можам, додека можам да стојам, а ако не можам да возам мотор нека ме “качат“ на мотор и нека некаде ме слезат. Сега го возам десеттиот по ред мотор. Имам црвена “хонда“ одличен мотор, која најблиските ми ја подарија кога заминав во пензија пред осум години, вели со многу возбуда Томче.За Сашо Спасовски – Ѕунѕо може слободно да се каже дека еден од генерацијата која “донесе“ во Битола скапи мотори од странство во време кога тоа не беше така лесно. И тој денес беше дел од мото шоуто во на “Магнолија“.-Со радост дојдов на овој одличен настан кој го организираат битолчани заедно со македонската мото асоцијација. Кога ме прашувате од кога возам мотор ќе кажам одамна, некаде од 1983 година, односно 40 години, а до сега сум имал, не знам, шест-седум мотори. За мене моторот е зараза, љубов, по битолски чивија… нешто што не може да се објасни со зборови, а сето тоа еве уште ме држи и на 58 години. Сега можам редок модел на мотор, брз квалитетен мотор, кој го возиме заедно со син ми која сега ја има истата “болест“ како и јас, заљубен е во моторите, вели Ѕунѕо, кој битолчани го знаат и како најдобар раскажувач на моторџиските анегдоти поврзани со сите битолски моторџии, за што дадава дека треба да се сними филм за да останат забележани сите битолски моторџии и нивните случувања во изминатите четориесет и повеќе години.Професорот и љубител на мотори, Никола Аврамовски, како ни рече вози мотор повеќе од десет година, а за негово, како вели скапо хоби вели:-Слободата, чувството кое што може да се доживее при возењето на мотор, едноставно гледајќи ја околината околу себе каде што возиш, дружењето, другарството и многу други работи го поттикнуваат возењето на мотор. Покрај желбата за возење, храброста, секако важна е финансиската состојба, затоа што за добар мотор, за добра заштитна опрема бидејќи сето тоа прави една целина. Секако важно е моторџијата да не конзумира алкохол, да ги почитува сообраќајните правила, да ги почитува другите учесници во сообраќајот. Сакам да им посакам на сите убава мото сезона со многу вакви дружења и многу километри.

Во име мото клубот Конзули од Битола, нивниот претседател Ромео Јовановски ни рече:-Пред некое време формиравме асоцијаџија на мото клубовите од Македонија на МК клубови, а првиот официјален настан денес се случува во Битола. Денес имаме 500 – 600 возачи од Македонија, на кои ние како домаќини ќе им понудиме одлично дружење, добра храна, добра музика, односни престој во Битола кој ќе го паметат, како отворање на новата мото сезона 2024 година. По дружбата на “Магнолија“ ќе имаме и дружење во нашите простирии. На плоштадот “Магнолија“ за атмосферата се погрижи групата “Марвелс“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »