Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола го одржа ораторскиот натпревар, Ева Нешкоска – најдобар оратор (фотогалерија)

Ева Нешкоска, студентка на Педагошкиот факултет во Битола е најдобриот оратор на натпреварот УКЛО ТРИВИУМ 2024, кој денеска го организираше УСС на УКЛО под капата на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Второто место го освои Антонио Чоневски, студент на втор циклус студии на Педагошкиот факултет, а трето место му припадна на Дарко Трпковски од Правниот факултет на УКЛО. На натпреварот, осум учесници говореа на слободна тема и имаа можност да ги искажат своите мислења и ставови по прашања кои ги сметаат за важни за нив и за општеството воопшто.-Го говорев гласно она што сите го чувствувам. Ми беше задоволство да работам со прекрасни професори кои во текот на моето студирање успеаја да го откријат она што јас бев свесна дека го поседувам, а тие го обработија и истакнаа на начин на кој еве покажа резултат – истакна лауреатот Ева Нешкоска и нагласи:

-Храброста ја имаме сите, храброста да чувствуваме силно и храброста да го споделиме она што го имаме со другите. Мошне е важно да се спремиме да бидеме видени, да бидеме чуени, затоа што она што го носиме во нас и оној дар што секој го има од нас, треба да биде споделен со другите. Тоа е и контекстот на темата на која што говорев – што е човекот во бескрајот и кој е бескрајот во човекот. Ние сме еквиваленти на една голема маса и простор кој што нема крај и не е случајно да и ние ги имаме тие беспрекорни и безгранични простори во нашето битие.Натпреварот кој по девети пат се оддржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го отвори ректорот проф. д-р Игор Неделковски, кој поздравувајќи ги натпреварувачите и присутните на настанот, посебно се осварна на важността од познавањето на ораторските вештини.-Ораторството за вас, студентите, е битно не само како вештина да ги изразите своите мисли, туку е многу битно преку ораторството да се слушне и вашиот глас, истакна Неделковски.Лидерот на студентите, Борис Гушевски, охрабруваќи ги своите колеги да учествуваат во сите активности кои Универзитетското студентско собрание ги организира, потенцира.-Не само да се натпреварувате на овој настан, УКЛО ТРИВИУМ, туку да учествувате и на сите други настани кои што ги организира Универзитетот и Универзитетското студентско собрание на УКЛО, од ова година под капата на КОЛОРС, како што е и денешниот настан. А верувајте, ги има многу.Натпреварот со внимание и поддршка го следеа претставници од менаџментот на УКЛО меѓу кои проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска  и претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Николче Јанкуловски.Жирито кое ги оценуваше натпреварувачите беше во состав проф. д-р Виолета Јанушева и проф. д-р Билјана Граматкоски од Педагошкиот факултет и м-р Александар Тодоровски од ректоратот на УКЛО. Сите учесници добија пофалници, а најдобрите дипломи и парични
награди.

Во рамки на настанот кој се одржа во Кино “Манаки“ вон. проф. д-р Tатјана Блажевска од Технолошко-техничкиот факултет – Велес одржа предавање на тема “Правилниот начин на исхрана како форма на самопочит“, а програмата беше збогатена со настапи на ученици од
Државното музичко училиште во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »