-Многу едноставно – со пријателство. Пријателствата се најдобриот пасош со бесконечен број на страници и не постои граница во светот што не може да се отвори.
Учениците од ОУ “Стив Наумов“ од Битола беа најтопло пречекани во Истанбул каде ја претставија Македонија со настап на свечена церемонија по повод Денот на националниот суверенитет и на детето подарен од Мустафа Кемал Ататурк.
Учениците од ООУ Стив Наумов, настапија во турското основно училиште ,,Eca Elginkan Anaokulu”. Учениците настапија со играње на традиционално оро на песната Македонско девојче и ја искажаа својата љубов кон родниот град пеејќи ја песната Битола мој роден крај на македонски јазик.Учениците Танер и Атила одржаа краток говор на турски јазик.
Наставничките кои беа одговорни за оваа размена Марина Јанеска, Даниела Јовановска и Марија Трифуновска Тасеска од име на директорот на ООУ “Стив Наумов”- Никола Пискачев, разменија подароци како знак на благодарност и зацврстување на пријателството со директорот на училиштето Рамазан Демир, заменичката директорка Сибел Улучан и наставничката Илкнур А. Јуксел и им се заблагодарија за гостопримството.
Овој проект започна сосема спонтано со пишување на писма до непознати другарчиња од нашите ученици до учениците во Турција со кои се стапи во контакт благодарение на пријателството меѓу наставничката Даниела и наставничката Илкнур. По размената на писмата, учениците од ОУ “Стив Наумов“ Битола добија покана да бидат гости во Турција и да настапуваат на многу важен настан и двете училишта почнаа проект под мотото “Еј нова генерацијо во подем. Вие сте иднината. Ние ја основавме Републиката, вие сте тие кои ќе ја подигнете и одржувате во живот” – Мустафа Кемал Ататурк.
Учениците беспрекорно ја претставија Македонија оставајќи впечаток на добри, културни деца кои се секогаш расположени да бидат пријатели со сите и да пренесат само радост и добрина. Семејствата во Турција исто така оставија длабок впечаток како прекрасни домаќини кои секогаш прават другите да се чувствуваат како да се дома.
Последниот ден, солзите и прегратките беа неизбежни како резултат на длабоките пријателства кои пуштаат длабоки корени и остануваат да тлеат цел живот. Па така и ова пријателство продолжува со заеднички активности од 2 јуни 2024 до кога учениците од Турција ќе бидат гости кај учениците од ОУ “Стив Наумов” во Битола.

Од писмо до непознато другарче до престој на учениците на “Стив Наумов“ Битола во семејство во Турција (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










