Press "Enter" to skip to content

Дејан Илиевски и Дејшон Најт: се надеваме дека ќе ги израдуваме навивачите во Скопје

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес го отврораат полуфиналето во Скопје, против екипата на Работнички. Со двата скопски дуели ќа започне серијата од пет натпревари, која потоа ќе продолжи во Битола, а докулку има и петти натпревар ќе биде во Скопје.Помошниот тренер на КК Пелистер, Дејан Илиевски пред заминувањето за Скопје на стартот на полуфиналната пресметка против Работнички рече:

-Мислам дека добро работиме во овие две седмици, а овој период е предолг помеѓу два натпревари. Добро се подготвуваме за Работнички, а Работнички и според буџетот и кошаркарите навистина е сериозна екипа посебно во играта во напад. Според она што го работевме овие две седмици мислам дека ќе најдеме решение за нивните играчи. “Чкембарите“ секогаш биле шести играш на Пелистер па така ќе биде денес во Скопје и потоа во Битола. Секој натпревар се игра за публика па така и ова полуфинале, без разлика на кој терен. Се надевам дека со нашиот ангажман и со победа ќе ги израдуваме и ќе го оправдаме нивното доаѓање во Скопје. Дејшон Најт во пресрет на вечерашниот дуел од полуфиналната плејоф серија против екипата на Работнички рече:

-Дојдов во тим во кај најдов одлични играчи кои одлично ме прифатија, секако во мал град во кој одлично се чувстувам. Што се однесува пак до полуфиналето почнуваме од нула. Влегуваме во натпреварите после многу тренинзи и одработени тактички моменти, во однос на нашата игра и секако пролагодување во однос на играта на противникот. Во тимот имаме одлична хемија и се надевам дека ќе забележиме една победа на терен на противникот, а во Битола ќе имаме поддршка од навивачите во двата натпревари кои ќе следат по гостувањето. Ќе имаме поддршка од трибините и во Скопје, а тоа ќе ни значи многу нам, на играчите на паркетот. 

More from ВестиMore posts in Вести »