НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола започна со реализирање на проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост – добри практики“ кој трета година по ред е одобрен од Министерство за култура.
-Оваа година проектот го започнуваме во соработка со лицата од ЦПЛИП „ Порака“ од Битола. Првата работилница ја посветуваме на нашиот роден крај Битола и запознавање со неговите уникатни историски градби: Старата битолска чаршија со сите нејзини стари занаети, Безистенот, Саат кулата, Исак џамија и Јени џамија, црквата Св. Димитрија и една од најубавите улици во Битола Широк сокак. Работилницата „ Разгледница од Битола“ имаше за цел да го поттикнеме читањето кај овие лица на интересен и забавен начин преку посета на знаменитостите, рекоа од библиотеката.
Денот беше искористен деца со попреченост да научат од каде доаѓа името на нашиот град Битола, за еснаф занаетите кои и денес ја красат старата битолска чаршија. За затворениот пазар или Безистенот кој крие голем број на тајни за некогашната трговија. За градењето на џамиите и црквите во нашиот град. И за приказните кои и денес ги нижи Широк сокак.

Библиотеката ги поттикнува да читаат децата со попреченост (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола









