Press "Enter" to skip to content

Пелистер ќе се бори против МЗТ за титула, во Битола вечерва убедливо го победи Работнички (фотогалерија)

Пелистер  – Работнички 88:80 (3:1)

Кошаркарите на Пелистер, вечерва во Битола го добија третиот натпревар против екипара на Работнички со резултат 88:80 и со 3:1 ја затворија полуфиналната плеј-оф серија во Првата македонска лига. Пелистер повторно за титула ќе го предизвикаат МЗТ за трофејот во нашата најсилна кошаркарска лига, а клучен беше првиот натпревар кој го добија во Скопје.Во четврттиот натпревар од полуфиналата серија, битолчани водеа во текот на целиот натпревар, на крај тоа го крунисаа со место во финалето и тоа по трет пат во серија да го предизвикаат неприкосновениот МЗТ Скопје Аеродром.

На отворањето на натпреварор Пелистер имаше висок процент на реализација во шутот од поле, а тоа се покажа и на семафорот.  “Пелистерци“ имаа двоцифрена позитива, прво имаа (25:15), нешто подоцна и (29:18), за тој воведе дел да заврши со нешто пониски (29:20).На стартот на втората четвртина Работнички намали на 29:24, но домаќините за кратко време ја вратија предноста (33:24). Но тука и не застанаа, затоа што по поентирањето на Маслинко, кое го направи „двоцифрен“, Пелистер одново имаше двоцифрена позитива (42:32) а на одмор се замина со 48:37.

Во второто полувреме Пелистер поведе со највисоки +17 (59:42) по само три минути игра. “Пелистерци“ и по втор пат имаа +17 (64:47), но Работнички се врати во овој натпревар со  серијата од (13:2) за негатива од само шест поени (60:66) за крај на третиот квартал.

На стартот на последната четвртина Пелистер имаше мини-серија од 8:2 за ново одвојување, двоцифрено (74:62), и многу порелаксирана ситуација.  Таа разлика, двоцифрена, беше на сила и во наредните шест минути, кога се “стопи“ и беше едноцифрена (74:82). Следуваа кошеви на Планиниќ, Костовски и трето финале на Пелистер во последните три години.Најефикасен кај Пелистер Планиниќ со 23. поени и 13 скока, Маслинко со 20 поени, додека Најт и Мијовиќ го завршија натпреварот со по 11 реализации за Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »