Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ќе ја има поддршката во финалето од Купот, “Чкембарите“ најавија “окупација“ на Скопје

“Битолски окупациони сили спремни за поход“ стои во фејс-бук објавата на навивачката група “Чкембари“ од Битола со која е  најавено голема посетеност на ракометното финале во Скопје, во салата “Борис Трајковски“.
 
-Пелистер е пред голема шанса да ги освои двете титули во ракометното првенство и Купот на Македонија! Меч за тотална доманиција во македонскиот ракомет, стои под објавената фотографија која е направена пре Музејот во Битола, а како иконографија се тенкот и топот кој се наоѓаат таму.
 
Инаку, тргнувањето е закажано за недела во 14,30 часот, традиционално “на Бутки“.
 
ЗЕЛЕНА АРМИЈА НИШТО НЕ ЈА ЗАПИРА – СИТЕ ВО СКОПЈЕ.
More from СпортMore posts in Спорт »