Press "Enter" to skip to content

Годинава по втор пат “Trailko“ трка за деца на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, пријавувањето во тек (фотогалерија)

Тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, односно здружението  за потикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола, кое е член на “ITRA“ работи на подготовките на новиот планински маратон, а паралелно дел од тимот е ангажиран во организација на втората по ред детската “Trailko“ трка која денес беше промовирана пред битолчани, на Широк Сокак, пред офицерски дом.Патеката на која ќе се одржи детската трка според зборовите на Ненад Лазиќ директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ ќе биде маркирана на ски-патеката кај летно-зимскиот центар Ниже Поле, со кој стопанисува ЈП “Стрежево“, се со цел прегледност на сите учесници и поголема безбедност на малите учесници.-Најмладите наши сограѓани, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ ќе имаат ретка прилика, оваа година по втор пат,  да се натпреваруваат во класична планинска трка, која ќе се одржи на 23 јуни кај центарот Ниже Поле. Оваа година за разлика од првата трка, кога имаше тру трки, ќе има три трки за деца родени 2018 и 2019 година (пеперутни), деца родени 2016 и 2017 (лицици) и за деца родени 2014 и 2015 година (волци) и тоа во машка и женска конкруренција. Новина е трката за деца родени 2012 и 2012 година (мечки), а ја поставивме по барање на родителите кои сакаа и нивните деца да бидат вклучени во овој настан, вели , вели Ненад Лазиќ директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.Што се однесува пак до саната трка Ненад Лазиќ додава:-Ќе им ги обезбедиме сите услови да ја почувствуваат убавината на трчањето во природни услови и нерамен терен. Котизацијата е 620 денари, а пријавените добиваат маичка и ранче, стартен број, медал на крајот на трката за сите учесници, уникатни награди за најбрзите 3 во нивните категории и освежување и храна пред и после трката.За најмалите, нивните родители и сите гости ќе има музичка анимација, уникатна атмосфера и дружење, игри за деца. Евент водител повторно ќе биде ќе биде Марко Новевски.Денес на промоцијата на трката на Широк Сокак, пред Офицерски дом организаторот на најмалите им порача дека полека се загреваме за најголемата детска планинска забава во годината, а ќе ги пречека и на 23 јуни. На платото пред Офицерски дом во Битола најмалите битолчани и нивните родители се започнаа со трката, а дел од нив порачаа дека сакаат да бидат идни шампиони.Пријавувањето е до 7 јуни, а бројот на учесници е оганичен, најповеќе по 120 во секоја возрасна категорија заради безбедност на учесниците. Или некоја бројка од околу 500 деца!

Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »