Press "Enter" to skip to content

13. Меѓународен поетски фестивал “Поетски синтези 2024“, наградата “Поетски хоризонти“ за Диана Буразер

В о Домот на културата во Битола беше отворен 13. Меѓународен поетски фестивал „Поетски синтези 2024“. Фестивалот го отвори претседателката на Здружението за наука и култура „Нова“ м-р Мирјана Стојановска, а со своја поезија се претставија 15 поети од Хрватска, Италија, Црна Гора, како поети од Битола, Скопје, Гостивар и Ресен. 

Тричлено жири ја додели наградата “Поетска муза“ за најдобра интерпретација и композиција на песна, на хрватскиот поет Валерио Орлиќ гој имаше импресивен драматичен настап на фестивалската сцена.

Исто така, ЗГ “Нова“ ја додели наградата “Поетски хоризонти“ на хрватската поетеса Диана Буразер за најзината книга „Рајски јаболка“ како најдобра книга објавена меѓу две лета во издание на Здружението “Нова“ од Битола.

На вториот фестивалски ден, во алтернативниот простор „Порта џез“ ќе се одржи „Хрватска вечер“ кога ќе бидат промовирани книгите на Дарија Жилиќ, Диана Буразер, Валерио Орлиќ и Срџан Духовиќ, сите од Хрватска.

Во музичкот дел се претставија дуото Александар Талевски на гитара и Билјана Талевска-вокал со арија од Џузепе Џордани.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »