Press "Enter" to skip to content

ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола со свечена академија го одбележа патрониот празник и Денот на сесловенсите просветители (фотогалерија)

Основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола е едно од најстарите училишта во нашиот град кое постои и работи уште од шесеттите години на 19 век. Низ своето постоење од век и половина ѕидовите на ова учииште се неми сведоци на тоа што се случувало во него и поминало. А низ него поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината.Училишето, патронот и 24 мај Денот на сесловенските просветители традиционално го одбележува со низа настани кои се спроведуваат цела седмица воочи патронатот.  Завршниот настан, свечена академија, се одржа во Офицерски дом Битола пред голем број гости : родители, наставници, ученици.  и претставници од општина Битола и  На свечената академија присуствуваа и претставници од општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски кој се обрати со зборовите:

-Во ова училиште ги поминав училишните денови, а и моите деца учеа тука, затоа за училиштето “Св. Кирил и Методиј“ ме врзуваат посебни емоции. Денес на патрониот празник сакам на сите наставници да им честитам за нивната голема заложба и посветеност во работата со учениците и да им го честитам празникот, а на најмладите да им порачам да продолжат да напредуваат, да го надградуваат своето знаење, за да станат интелектуално силни личности кои ќе дадат сопствен влог во напредокот на својот град и својата држава. Сакам посебно да ги пофалам и настапите на учениците  во хорот и рециталот.На свечената академија настапија училишниот хор со ментор Катерина Пејовска. Ученици од 6 до 9 учествуваа во рецитал посветен на браќата Кирил и Методиј со наставник ментор Александра Упале.На свечената академија беа доделни награди на учениците кои имаа постигања од повеќе области. За првенец на генерација е прогласена ученичката Бојана Стефановска. Во областа на математика ученичката  Јана Китановска и во област на природни науки и истражувачка работа ученичката Маргарита Велјановска, ученички од 9 одделение. Ученици спортисти кои се истакнале со награди во спортот  Дамјан Илиевски, Кристијан Јаковлевски, Димитар Димитровски и Давод Стојановски. Покрај ови на настанот беа доделени и награди за учениците кои учествуваа на литературниот и ликовен конкурс.

По повод патрониот празник беа наградени учениците со ментори кои активно се вклучени во воннаставни активности и го промовираа училиштето на низа настани во соработка со локалната средина со ментор Жанета Ристевска. Тимот  учениците кои го претставија училиштто на научна конференција во Чешка со менторите Христина Полизовска и Елизабета Каровска.Оваа година по повод патрониот празник имавме голем број настани во нашето училиште и во ПУ во село Логоварди, организирани од наставниците по ФЗО, македонски јазик и ликовно образование.

-Турнири во кошарка машки и одбојка женски со ОУ „Коле Канински“ со наставници Џими Геровски предметна настава и штафетни игри со Менде Грозданов во одделенска настава. Литературен и ликовен конкурс и литеартурно читање. Во училиштето наставниците од одделенска настава направија голем број активности и приредби пред родителите. Исто така ги наградивме и учениците и нивните ментори кои беа активно вклучени во воннаставни активности и го промовираа училиштето на најдобар начин, изјави директорката Жанета Тошеска. 

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »