Press "Enter" to skip to content

“Портрети низ Горната“, секоја фотографија приказна раскажана низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска (фотогалерија)

-Велат “една фотографија, илјада зборови“, а низ фотографиите од изложбата насловена “Портрети низ Горната“ на  Дамијана Ристевска гимназијалка во трета година од Гимназија “Јосип Броз Тито“ во Битола, секоја слика раскажува приказна.  Кога ги набљудувате  може да ја почуствувате енергијата, младешката енергија низ дружењето, учењето, први љубови… Потоа  односите со професорите, меѓу учениците во гимназијата. Или  го чувствувате пулсирањето на социјалниот живот низ Горната гимназија. Сите фотографии будат различни емоции  кои не можат да се опишат со зборови, но фотографиите кажуваат многу повеќе од зборови.Во рамки на свечената прослава на патронатот попладнево во кафе-бар “Јагода“ во Битола беше отворена изложбата “Портрети низ Горната“ на ученичката Дамијана Ристевска од трета година, под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски.Модераторот Емилија Ристевска – Стефановска професор по музичка уметност ја најави изложбата со зборовите:-Ова е трета година по ред кога се “дружиме“ со фотографиите на Дамијана, која следејќи ги  современи текови во уметноста на фотографија, која преку оваа изложба ги доловуваа сите моменти на дружење, комуникација, учење, љубов… во нашата гимназија. Во чест на патрониот празник токму пред почетокот на свечената приредба, сите ќе можат да ги разгледаат  фотографиите “Портрети низ Горната“. Се надевам и кога по многу години Дамијана ќе студира и е твори на друго место ние ќе се сеќавеме на овои празнувања на нашиот патрон, а кога ќе ги гледаме овие фографии ќе се присетиме какви сме биле пред годините. Менторот Александар Поповски наставник по ликовна уметност и ментор на ученичката Дамијана Ристевска за изложбата фотографии “Портрети низ Горната“ ја отвори изложбата и кажа:-Трета по ред изложба на Дамијана Ристевска која е ученичка во ЈУБ и е  ученичка во трета година. Дамијана се занимава со фотографија, и веќе трета година организираме изложба во чест на патрониот празник. Низ нејзиот објектив портретите на ученици и професорите се доловени многу реалистично. Оваа година се подразбираше некако дека треба да продолжиме во таа насока и трета по ред изложба на фотографии. Потоа додаде:-На моја идеја, која Дамијана ја прифати одлучивме на овие фотографии да ги има оние кои ја носат енергијата, тука, учениците, професорите…  Односно да се забележи социјалниот живот во гимназијата, или се она што се случува низ ходници, училници, библиотека… Гледајќи ги фотографиите можете да ја  почуствувате климата владее и она што се случува тука.-Дамијана во фотографијата напредува од година во година и фотографиите од годин во година се подобри. Преку нејзините фотогрфафии Гимназијата добива сосема друга димензија.

Ова е трета самостојна успешна изложба на Дамијана Ристевска, а и има учествувано и на шест колективни изложби.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »