На Балканското првенство во Кик бокс, кое се одржа викендов во Бар, Црна Гора, од македонската кик-бокс репрезентација учествуваше со 36 репрезентативци во различни дисциплини и категории.
Леа Бошевска од кик бокс клубот Самурај од Битола настапи во дисциплината кик-лајт сениори – 50 кг. Најпрво во доминантна борба во полуфиналето со 3:0 ја совлада Турската репрезентативка Зејнеп Тургул Гулчан, додека пак другиот ден во финалето ги вкрсти ракавиците со Бугарската репрезентативка Мариа Јанева, која исто така ја победи со 3:0, покажувајќи надмоќ во сите три рунди.
–Бошевска како балканска шампионка не застанува тука, започнуваме со жестоки подготовки за Европското првенство кое ке се одржи оваа есен, на кое Леа ќе атакува кон врвот на Пиедесталот, ни изјавија нејзините тренери, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска.

Леа Бошевска од Битола балканска шампионка во кик-бокс во категоријата кик-лајт
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари
- Кога чаршијата пее, Битола добива фестивал на чалгијата
- СВР Битола: приведувања за напад на татко, за напад на сопруг, пријави за напад од две лица со дрвен предмет
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид
- По Загреб и Битола утре триото “Интерарт“ со концерт во Рим
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер со победа ги започна котролните натпревари
- Божиновски и Начевски ќе судат мундијалско полуфинале за кадети во Романија
- Американецит Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер
- Сапунџиев повторно во дресот на КК Пелистер, Златевски потпиша на една година
- Пелистер волеј го објави и третото странско засилување – Невена Радовојевиќ од Србија










