Press "Enter" to skip to content

Втор универзитетски турнир во тенис “UKLO OPEN COLOURS 2024“ во Битола (фотогалерија)

Во организација на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола се одржува Вториот универзитетски турнир во тенис UKLO OPEN COLOURS 2024. Дводневниот турнир што започна на 12 и ќе заврши на 13 јуни 2024 г, има рекреативно-забавен карактер.Учествуваат 25 учесници – студенти и вработени на УКЛО, средношколци и граѓани кои го сакаат тенисот.Турнирот го отвори ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, којшто воедно е учесник во натпреварите.Оценувајќи дека со ваквите активности се подобрува квалитетот на студирање и живеење на студентите и вработените на Универзитетот, тој нагласи дека од минатата година во календарот на спортски активности освен традиционалните натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг –понг, се вклучија и нови: куглање, стрелање со воздушна пушка, како и едрење и веслање, по примерот на Универзитетите Кембриџ и Оксфорд.Воедно, ректорот Неделковски ги истакна успесите на нашите студенти во државните универзитетски спортски лиги, што се мотив повеќе УКЛО да продолжи со популаризација на спортот како важен чинител во психофизичкиот развој на младите, зачувување на здравјето и клучен во борбата против зависностите.Учесниците на Вториот универзитетски турнир во тенис UKLO OPEN COLOURS 2024 се натпреваруваат во две категории: во првата наставно- академски кадар на УКЛО и надворешни учесници, а во втората студенти од единиците на Универзитетот и средношколци.Натпреварите по групи се одржаа на тениските терени кај Градскиот стадион во Битола кадешто се одржуваат полуфиналните и финалните натпревари како завршница на турнирот UKLO OPEN COLOURS 2024.

More from СпортMore posts in Спорт »