Press "Enter" to skip to content

Народниот театар Битола со претставата “Хамлет – денот на убиствата“ ќе гостува во Нови Сад

Народниот театар од Битола со претставата “Хамлет -денот на убивствата“ во режија на Марјан Неќак ќе учествува на 51. по ред “ИНФАНТ“ во Нови Сад, а претставата ќе биде одиграна на 17 јуни.

ИНФАНТ е интернационален фестивал на алтернативниот и нов театар. Фестивал со преку 50 години долга традиција, фестивал кој ги спојува несекојдневните театарски интерпретации со некласичното актерско изразување.

Во претставата “Хамлет -денот на убиствата“ (според пиесата на Бернар-Мари Колтес) играат Хамлет – Никола Стефанов, Клаудиј – Иван Јерчиќ, Гертруда – Валентина Грамосли и Офелија – Викторија Степановска Јанкуловска.

Режисер и автор на музиката: Марјан Неќак, драматург – Оливера Павловиќ, сценограф – Валентин Светозарев, костимограф – Андреј Ѓоргиевски, дизајнер на видео – Сашо Илковски, светло-мајстор и тон-мајстор – Александар Димовски.

Во претставата се употребени фрагменти од аријата “Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната “What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »