-Адвокатите од Битола на скромен начин го одбележаа, 16 јуни, Денот на македонската адвокатура. По тој повод, Адвокатската заедница Битола, изврши реконструкција на спомен-обележјата на адвокатските приправници и учесници во НОБ Никола Тодоровски (Коле
Канински) и Јосиф Христовски- Звончарот, кои се наоѓаат пред зградата на Апелациониот суд во Битола, се сеќава Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Бистите во 1981 година, на Коле Канински и Јосиф Христовски- Звончарот адвокатската комора на Македонија ги подари и постави пред Судот со цел да помогнат во афирмацијата и вредноста на адвокатурата, посебно во демократското општество, бидејќи адвокатурата е основен гарант за почитување на основните човекови слободи и права.
Адвокатот Никола Главинче, тогашен претседател на Адвокатската заедница- Битола положи свежо цвеже на бистите заедно со адвокатите и претставници на ОО на Сојузот на борци Битола, кои активно се вклучија во чествувањето на ликот и делото на адвокатските приправници, а подоцна и учесници во НОБ.

Деновиве пред 10 година: одбележан Денот на македонската адвокатура во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










