-Завршени се сите подготовки за планинската трка “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во Битола, рече директорот на оваа супер интересна трка, Ненад Лазиќ, денес на попладневното доделување на стартните броеви и додава:
-Тука, утре наутро во 8 и 9 часот во Битола, кај Офицерски дом, ќе биде стартот на двете трки на 54 и 23 километри, а ние сега одбројуваме часови. Не само ние кои сме вклучени во организацијата, часови одбројуваат и ги завршуваат подготовките најдобрите тркачи, кои веќе се во Битола. Тука се подигнуваат стартни броеви за детската трка “Траилко“ која стартува в недела во 11 часот.
На платото кај ОФицерски дом во Битола веќе пристигнаа топ тркачите ги подигнаа стартните броеви и опремата за следење, а директорот им го објаснува поединостите за полесно поминување на патеката, но за гостите од Швајцарија и Хрбатска, Лазик “украде“ и минути за ладно пиво и да им посака добредојде и успешна трка.
-Веќе ги гледате тука и битолскиот “ајрон мен“ Вања, тука се и сите битолчани кои утре ќе се тркаат по Пелистер, а заедно со нас се волонтерите кои им помагаат на натпреварувачите околу сместувањето, подигнување на стартните броеви, и им одговараат на секое прашање.
За “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ атеката е одлично подготвена.
Текст и фото: С.Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2036″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










