Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град, кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси и дебати.
-Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ја спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од промоција на женскиот стрип, преку панел дискусија за позицијата на младите уметници денес, кино проекција, одличен кретивен маркет до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за публиката која не следеше во сите фестуивалски денови, истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.
На Битола Отворен Град се одржа и креативен камп, на кој волонтерите се фокусираа на трансформативната моќ на зборовите во уметност. МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори.
Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови: Tsar Von Time, Параноја и SunShift. Клубот Јагода беше полигон каде се случи првиот кретаивен маркет во градот, а дворот дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола послужи како локација за една интересна дебата на која учествуваа гостите од Ремонт галеријата од Белград. Пациото на Офицерски дом беше претворено во кино на отворено каде се прикажа „Слобода” на режисерот Златко Ѓелевски. Локални диџеи и гостинка диџејка од Белград дадоа свој придонес на фестивалот со славењето на електронската музика.
Фестивалот Битола Отворен Град, традиционално го одржа и големиот музички хепенинг на кој настапи Илија Талев – Ile The Hair кој одбележа 30 години од неговиот прв техно албум „И по Тито, техно…” кој е впрочем и првиот издадан македонски техно албум. Свој настап имаше и Ареа, а после 20 години во Битола свој концерт одржа и Архангел. Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман.
Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и со спонзорирање од македонски компании.

Заврши “Битола Отворен Град“, по 23 пат обединување на креативните сили на градот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Територијалната противпожарна единица Битола: по 33 часа изгаснати подметнати пожари во осум села
- СВР Битола: физички напад врз обезбедувач во казино, малолетничко насилство, битолчанка пријавила лице кое се соблакувало пред неа
- Во Битола денес започнува првиот фестивал посветен на чалгијата, пајтонско дефиле во 18 часот
- Општина Битола: дежурства на инспекторатот и за неработни денови и викенди
- Во Битола сончево, попладне можност за нестабилност, температурата до 30 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Битола денес започнува првиот фестивал посветен на чалгијата, пајтонско дефиле во 18 часот
- Изложба “Жив ѕид“ на Никола Крнчев и Раде Најдовски за јубилејот 25 години фрескоживопис (фотогалерија)
- „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид
- По Загреб и Битола утре триото “Интерарт“ со концерт во Рим









