Press "Enter" to skip to content

“The Stars symphony“ спектакуларен концерт на отворањето на “Битфест“ на стадион  под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)

Вчера вечер градскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола, за првпат ги отвори вратите за спектакуларен концерт со голем број изведувачи под име “The stars symphony“. Со концертот беше означен официјалниот почеток на 16. издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.На поставената огромна сцена на градскиот стадион кој е обновен на почетокот на вечерта атмосферата ја загреваа ди-џеите DJ Ile The Hair и DJ Boca.После 20 часот се продолжи со официјалната програма на која заедно со Камерниот оркестар на Битола настапија повеќе познати имиња “Паркети“, “Суперхикс“, Констракта, Каролина Гочева, Love Itoya, Schiller, Pig & Dan и “Brass Brothers“.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој најави дека овој настан е само почеток на прекрасната програма на БИТ ФЕСТ ова лето. Коњановски се заблагодари за поддршката од своите сограѓани и интересот за организација на еден ваков голем настан и додаде.-Овој настан вечерва е само почеток на прекрасната програма на “Бит фест“ ова лето. Овој голем концерт и се она што ќе се случува ова лето на фестивалот покажува дека Битола навистина е град на културата, град со големи културни капацитети кои од година во година, спонтано наметнуваат се повисоки стандарди на квалитет.

-Здраво, Битола моја, никој не може да те замени, им порача битолчанката Каролина Гочева на публиката во Битола, за време на својот дел од музичкиот спектакл на стадионот, на пто публиката ја награди со гомел аплауз и што заедно со неа ги пееја хитови кои се редеа еден по еден. Заедно ги пееја “Од нас зависи“, За нас“, “И ќе биде се во ред“, “Умирам без тебе“, “Се лажам себе“, “Сакај ме“ како и балада на Тоше Проески “Твоите бакнежи на моите бели кошули“ и “Немир“.Познатата српска пејачка Констракта испеа дел од својот репертоар, а го испеа и хитот на Дино Двојник – “Зошто правиш слон од мене“, нагласи дека и е мило што станала популарна пред две години. Имам скоро 50 и првпат настапувам со цел оркестар, затоа “сликајте“ ме и испратете ми фотографии за да се фалам.Новата трибина беше изполнета со  над 4000 публика која се забавуваа и фотографираа со ѕвездите во “Симфонија на ѕвездите“.Со еден ваков спектакуларен настан  Битола  покажа дека е град на музика, спорт,  култура и град кој заслужува повеќе настани од ваков карактер, што беше посебно потврдено од страна на среќната и задоволна публика.Настанот  започна во 17 часот со програма за најмладите “Ај на Олимпијада во Битола” со 200 деца на возраст од 5 до 10 години учествуваа на првата детска олимпијада со игри кои се одвиваа на тениските игралишта до градски стадион. Заштитно лице на Олимпијадата беше пелистерскиот рис Менде, а имињата на тимовите беа инспирани од најпознатите битолски населби.Организатор на Битолското културно лето “Бит фест“ е Општина Битола, заедно со своите соработници и културни работници.

Ж.Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »