Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за два физички напади, за меѓуврсничко насилство, за напуштање на дом

На 06.07.2024 во 23.40 часот во СВР Битола К.М. (50) од Битола пријавил дека на паркинг просторот на комплекс Нов Пазар лоциран на ул. “Генерал В. Карангелевски“ бил физички нападнат од страна на две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.07.2024 во 23.30 часот во СВР Битола Н.Л. (33) од Битола пријавила дека нејзиното малолетно дете додека возело велосипед на ул. “Филип Втори Македонски“ било пресретнато од друг малолетник и истиот физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.07.2024 во 15.10 часот во СВР – Битола А.М. од  Битола пријавил дека неговата сопруга Е.М. заедно со нивната двегодишна ќерка излегле од домот и се уште не се вратиле назад. Ова не и било прв пат да го напушти домот и по извесно време се враќала дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на истите.

На 06.07.2024 во 15.40 часот  во СВР Битола Л.Н. (35) од Битола пријавила дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во близина на комплекс “Кеоп“  во Битола  нејзиното малолетно дете било физички нападнато од родител на негов соученик.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.