Екипата на фудбалскиот клуб Пелистер по неколкуте засилувања кои ги промовраше под Тумбекафе се пофали и со ново засилување. ФК Пелистер го официјализираше и најновото засилување со Даниел Карчевски, за што и кратко напишаа:
-Од денес сме посилни на левата бековска позиција, на која Карчески треба да придонесе со неговото големо искуство и неспорен квалитет. Карчески е „дете“ на прилепска Победа, а во македонскиот шампионат настапуваше уште за екипите на Силекс и Тиквеш“.
Деновиве беше потврден трансферот на поранешниот репрезентативецот на Македонија, битолчанецот Мирко Ивановски, а претходно и Александар Ристевски Филип Тодороски, Виктор Серафимовски и Дамјан Масевски, како и прекомандованите од младинскиот погон.











