Press "Enter" to skip to content

Со “Комитското“ на “Илинден“ отворен 54. фестивал “Илинденски денови” во Битола (фотогалерија)

-Синоќа на сцената на платотото пред Офицерски дом во Битола, вечерва започна  54. издание на фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови”, а како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк Сокак во Битола.

Овој фестивал формиран пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903, како смотра на фолклорот во националните граници.“Илинденски денови”, повеќе од пет децении се културна екстраваганција на народите и обичаите која ја прикажува убавината и богатството на народните традиции од целиот свет. Над 1.300 гости од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена.На церемонијата фестивалот за отворен го прогласи потпретседателката на Собранието како покровител на Илинденски денови Весна Бендевска. Министерот  Зоран Љутков, во своето обраќање истакна дека Министерството за култура и туризам во иднина значително ќе ја зголеми поддршката на фолклорните ансамбли со одвојување на поголеми финансиски средства за нивно функционирање, а со тоа одржување на македонската традиција.

-Деновиве цела Битола е една огромна сцена, празнична, колоритна и дотерана, во која еднакво бликаат надежта од “комитскот“ и драматиката на “тешкото“ оро, во слава на македонскиот идентитет, историја и култура, а седумосминскиот такт татни во слава на различностите од целиот свет, кои нè обединуваат, поврзуваат и зближуваат. Посетата на уметниците од повеќе земји од светот, само потврдува дека во пресрет на Илинден, Битола е главниот град на културната разновидност, од која до светот се испраќаат искрените пораки за  заедништво и културен натпревар меѓу народите. “Илинденските денови во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност и своевиден поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности.Во име на општина Битола се обрати градоначалникот Тони Коњановски.54 години нашиот Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, расте и се издигнува задржувајќи го своето главно обележје на промотор на македонската традиција, но истовремено отворајќи ги вратите за запознавање и промоција на другите народи, интернационални култури и традиции. Досегашната претфестивалска програма, преку мелодиите на традиционалните инструменти, богатиот вокално инструментален и играорен репертоар, етнографските филмски проекции, традиционалните работилници за творештво и инспирацијата во денешнината од македонската народна носија, веќе ја создадоа магичната атмофера која се чувствува во Битола. Традиционалното дефиле, само ја потврди магијата на светскиот фоклор низ битолските улици, која децении наназад го означува стартот на фолклорниот караван. Фестивалот „Илинденски денови“ и годинава е подготвен за создавање на незаборавни впечатоци креирани токму низ „Уметноста на традицијата“.Директорката на НУУБ Центар за култура, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:-Овој фестивал буди носталгија, убави спомени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот. “Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри. Луѓето што го востановиле овој фестивал секогаш гледале подалеку, иако некои мислат дека гледале кон минатото, но минатото е секогаш учител за нашата иднина. Фестивалот во последните години целосно се отвори кон светот, благодарејќи на добивањето на сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на  CIOFF.Пред официјалното отворање на фестивалот КУД “Илинден“ го изведе “Комитското“ во придружба на ансамблот на друштвото.Големото дефиле на „Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации.Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови, со одлчина претпрограма која опфаќа етнографски филмски фестивал, детски работилници и изложби, кои заедно со камерните и големите концерти прават бројка од 70 настани.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »