-Големото дефиле низ Широк Сокак во Битола за “Илинденски денови“ ја прокламира племенитата мисија на илјадници народни уметници да се преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации.
Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот, ова 2024 лето Господово, “Илинденски денови“ во Битола, вчера започна по 54 пат, точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот, кои го се славеа светскиот фолклор во Битола.
Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата, Гоце Делчев.
По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“, а во Битола ќе ги има над 1.300 гости од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена.
Битола е градот домаќин и организаторот овој фестивал, над половина век, а “Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, есто каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.
Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани, а тука беа и нашите сограѓани од дијаспората.
Како изгледаше традиционалното дефиле низ Широк Сокак, ќе се обидеме да ви пренесеме низ фотографиите на Дамијана Ристевски.











