Press "Enter" to skip to content

КУД “Илинден“ Битола најуспешни во презентирање на традиционална музика и игра на “Илинденски денови“

На последната вечер на на 54-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола која се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола беа соопштени и признанијата и наградите за најдобрите ансамбли од Македонија, додека ансамблите од странство настапуваат ревијално.

Жири комисијата на 54-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола, во состав: д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски одлучија кои ќе бида наградените фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои што настапија на 54-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола.За најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра е ​прогласена КУД „Илинден“ Битола.

За најуспешна група која презентираше староградски музика и игра се ​прогласува: ВИА „Распеани кичевчани“ Кичево.

За најуспешна соло инструментална изведба се прогласува ОНИ „Осоговски бисер“ Кочани.

За најуспешна играорна соло изведба се прогласува Зењел Беќири од КУД „Добра“ Дебар.

За ансамбл со најизворна, најкомплетна, изворна носија се прогласува АФ „Гоце Делчев“ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »