-Во дворот на црквата “Пресвета Богородица” во потпелистерското село Трново, над Битола се одржа првата Семакедонска иселеничка средба, односно помирување на Илинден, која се одржа по повод Илинденските чествувања во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, и продолжи:
-За прв пат, по повеќе од три децении, во Трново, Илинден заеднички го славеа сите македонски здруженија Здружението на Македонците од егејскиотдел на Македонија, Светскиот македонски конгрес, Матицата на иселениците и Здружението “Македон“, а тоа беше помирувањето не само на хартија на здруженијата, кои порано поединечно го одбележуваше Илинден.
Како и секогаш од Трново, од Семакедонската средба во 2014 година беа упатени неколку мошне јасни и конкретни заеднички пораки за конечно обединување на македонскиот народ, како и барање до Владата на Република Македонија за безусловен прекин на преговорите со Грција за промена на името, како и отфрлање на иницијативите за заеднички одбележувања на исторски датуми со Бугарија.
На присутните им се обратија тогашната министерка за култура, Елизабета Канчевска-Милевска поздрави обединувањето на македонските организации кои за прв пат одржаа заедничка семакедонска средба во потпелистерското село Трново, градоначалникот на Битола – Владимир Талески, а собирот го благослови архимандритот Никодим Царкњас.

Деновиве пред 10 години: прва Семакедонска иселеничка средба во Трново (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 12 степени
- Битола му оддава почит на Тихомир Јанчовски со монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“ во UTOPIA
- Поефтини горива од полноќ за 1,5 денари
- СВР Битола: двајца битолчани и еден малолетник уапсени за дрога, две лица возеле без возачка дозволаСВР Битола: двајца битолчани и еден малолетник уапсени за дрога, две лица возеле без возачка дозвола

- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени









