На платото пред Офицерскиот дом Битола синоќа се одржа музичка премиера на проектот „Боите на Македонија“ (Colors of Macedonia), едно прекрасно музичко патување кое во организација на КИЦ Битола, со подршка на Општина Битола и БИТ ФЕСТ.
Концертот, незаборавно музичко доживување. беше музичка презентација на ризницата со песни за Битола како најопеан град на Балканот е збогатена со нови инструментални композиции создадени и отсвирени од едни од најдобрите македонски инструменталисти кои живеат во и надвор од државата.
Музичарите Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски поканија нивни долгогодишни пријатели и музички соработници да учествуваат во синергичен спој за креација на несекојдневниот музички проект „Боите на Македонија“.
Концертот “Боите на Македонија“ започна со композицијата „11 ружи“, творба на битолчанецот Исмаил Лумановски – Смајче, кој рече дека ја напишал за сопругата Ѓулчин, што во превод значи ружа. На концертот беше сопругата, децата и родителите на Исаил, и го поддржат на концертот во неговата родна Битола, за што вели дека има посебна трема, поголема од кога настапува во Вашингтон.
Потоа следуваа други композиции, како „Види“ на Оливер Јосифовски, посветена на феноментот на Широк Сокак едни да пијат кафе, а други да парадираат за да бидат видени и „60 000 јајца“ зашто се верува дека толку биле ставени во малтерот за Саат-кулата.
Алек Секуловски, иноватор, професор и специјалист по тапани, којшто има богата музичка кариера и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитор и клавијатурист кој, исто така, живее и работи низ целиот свет, Александар Петров, перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи, Филип Динев, гитарист кој живее и работи во Хамбург, Германија.
Настапија уште многу други музичари на чело со Вера Милошевска, добро познатиот женски вокал, ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточено во модерна музика.
Овој проект е подарок од нас за нашата преубава средина беше порачано од концертот:
-Можеме да бидеме во Њујорк, на Антартик, на разни страни од светот, тоа е сликата на една современа Македонија, но тоа се луѓе кои ја носат и пласират музичката мисла. Тоа значи боите на Македонија.











