-Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ ја организираше тринаесетата меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ која се одржа од 9-ти до 11-ти август 2024 година. Манифестацијата беше реализирана во рамки на годинешното Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“.
Отворањето на манифестацијата се одвиваше во ЈОУ Културен и информативен центар – Битола, во свечената кристална сала на Офицерски дом, каде беа доделени традиционалните годишни награди за македонски писатели, и за достигнување на автор од странство, и беше организирано нивно книжевно претставување.
Добитници на наградата „Книжевен круг“ за 2024 година се: Виолета Танчева-Златева (за поезија), д-р Марјан Патлиџанковски (за критика и книжевна историја) и Михајло Свидерски (за проза). Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност им беше доделена на писателките Весна Мундишевска-Велјановска и Даниела Андоновска-Трајковска.
Писателот Никола Шимиќ-Тонин од Република Хрватска е добитник на наградата „Мозаик“ за странски автор, додека наградата „Поетски исчекор“ ѝ припадна на Елизабета К. Питулкова. Наградите ги врачи доц. д-р Зоран Пејковски, претседател на „Битолскиот книжевен круг“, а модератор на настанот беше Милица Д. Радевска. Книжевната атмосфера ја надополнија Давид Стојчевски и Димитриј Стојчевски со впечатлив музички перформанс, изведба на класична музика.
Активности од манифестацијата се одвиваа и во археолошкиот локалитет „Хераклеа линкестис“ чиј раскошен амбиент беше вдахновение за поетски настап на поетите кои учествуваа на манифестацијата.
Во рамките на тринаесетата меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ беа промовирани и двете најнови изданија (број 29 и број 30) на „Раст“ – списанието за книжевност, уметност и култура на „Битолскиот книжевен круг“.
Гостите кои учествуваа на манифестацијата беа запознаени и со бројните убавини на Битола, а имаа можност да разменат свои книги и да споделат видувања за случувањата во книжевноста кај нас и во светот.
На сите учесници на манифестацијата им беа доделени сертификати за учество.

13. меѓународна манифестација “Битолски книжевни паметења“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Наум Михајловски од Битола преку цртежи ги “оживува“ црквите и манастирите, освои пет светски медали (фото)
- По 10. пат кујна на солидарност “Food drive“ во организација на Лајонс клубот “Хераклеа“ од Битола и Црвен Крст Битола, спонзорирана од “Mint fintech group“ (фотогалерија)
- Независниот синдикат на полицијата со протест и марш во Битола и побара неселективна правда (фотогалерија)
- Атлетскиот клуб Олимп од Битола, создава нова историја, ќе има најсилен тим во својата историја (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Премиера на видео спотот „Височини“ на групата “Фонтана“ од Битола
- Изложба на книги и текстови за Гоце Делчев во Универзитетската библиотека во Битола
- Вечерва премиера на “Приказната за Силјан“ во Битола
- “Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“ – Гала вечер во Битола (фотогалерија + видео)
- Оркестарот “DIVA“ со богата програма во 2026 година










