Press "Enter" to skip to content

Оливера Наковска – Бикова од Битола единствена македонска спортистка на Параолимписките игри во Париз

Оливера Наковска – Бикова од Битола која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и за запозна со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.

Врачувајќи го државното знаме, што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци и изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.

Оливера Наковска – Бикова освои златен медал во 2012 година во Лондон.