Вардар – Пелистер 1:0 (0:0)
Во последниот натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во Скопје, Вардар дојде до победа над Пелистер од Битола со резултат 1:0, полувреме 0:0, а со овој натпревар вечното дерби на мак фудбалот се врати на програмата во Првата лига, откако двете екипи играа второлигашки натпревари.
Победата ја однесе Вардар кој беше поумешен по еден прекин и така го совлада ривалот. Ова е прв триумф за Вардар по седум години над Пелистер.
Мечот меѓу двата големи ривали беше доста тврд, а Вардар дојде во 15. минута кога Спиркоски спаси по обид на Закариќ, а потоа во два наврати се обидоа повторно Закариќ и Дианису, но непрецизно. Пелистер по триесеттата минута почна да креира шанси, а пред крајот на првиот дел, Михаил Талевски влезе во одлична шанса и шутираше со лева, но уште подобра беше одбраната на Филип Гачевски кој изби во корнер.
Во второто полувреме единствената шанса во вториот дел ја имаше Вардар и ја претвори во гол. Се играше 86. минута кога по еден изведен корнер Дианису се најде во шеснаесетникот меѓу двајца стопери на Пелистер, но и покрај тоа со глава го совлада младиот Јовчевски, и гол за победа.
Во третото коло од ПМФЛ, Пелистер ќе ја бара првата победа дома против Силекс.










