-Честа да биде запишан во историјата како стрелец на првиот гол во 1. МФЛ ја доби тогаш младиот 19-годишен Бруно Пресилски, напаѓач на Пелистер од Битола кој во 5. минута ја затресол мрежата на Рудар.
Пред 32 години, на денешн ден, 23 август 2024 година, се одигра првото коло од првата фудбалска сезона во независна Македонија, а на тој ден Бруно Пресилски фудбалер на Пелистер од Битола го постигна голот, кој влегува во историјата на македонскиот фудбал, како прв гол во независна Македонија.
Бруно Пресилски со емиции се сеќава на тој гол, на градскиот стадион под Тумбкафе кога како се викаше тогаш, кога Пелистер беше домаќин на Рудар од Пробиштип и вели:
-Бевме добра екипа, иако доминираше Вардар во таа прва сезона, а во тимот беа Тони Мицевски, Дуци, Кире Грозданов, Писки, бранеше Петар Милошевски, капитен беше Аце Василевски, Ванчо Мицевски… Имаше посебност во тој натпревар, но ние не игравме да постигне гол, како велите историски, но ете се случи. Во 5. минута упатив шут кон противничкиот гол од околу дваесетина метри, ја погодив противничката мрежа, а тој гол се покажа како историски за фудбалот во Македонија.
Бруно Пресилски е првиот стрелец на гол во историјата на Македонската прва лига, пред 32 години, а за тоа како сега гледа на тој гол додава:
-Не знаев дека сум го постигнал првиот гол во независна Македонија, а тоа ми го кажа новинарот Димче Миновски, по завршувањето на натпреварот, дека мојот гол е најбрзо постигнат. На тој натпревар Ванчо Мицевски постигна четири гола и тоа секако е голем успех, а никој тоа не го споменува. Но, ете сите сега се сеќаваме на првиот гол, кој е историја. Голот е историски, а тоа секкако буди емоции кога и да се спомене. Ме радува тоа, е можам да кажем дека моето име и голот се споменува и на квизови.
Бруно Пресилски покрај за Пелистер играл и за друг екипи, а сега е дел од фудбалскиот клуб Пелистер, извршува административни работи во клубот, а на секој натпревар го гледаме на клупата заедно со делегатот, како претставник на Пелистер.
Текст и фото: Сашо Ристевски








