Press "Enter" to skip to content

Одлични резултати на пливачите на Југ на пливачкиот митинг во Битола (фото)

На меѓународниот пливачки митинг кој во Битола во базенот “Император“, пливачкиот клуб Југ од Битола настапи со 13 пливачи и во конкуренција на 100 пливачи од 4 држави.Пливачката Ана Котевска, родена 2006 година, освои 1 место во дисциплините 50 метри грбно и 2 место во 100 метри краул.

Деа Ивановска, родена 2009 година, освои 2 место во 50 метри дисциплините делфин и 3 место во 50 метри краул.

Евгенија Јовчева, родена 2009 година освои 3 место во дисциплината 50 делфин.Елисеј Лазаров, роден 2014 година, освои 1 место 50 метри краул.Теона Јовановска, родена  2014 година, освои 1 место 50 краул.Бјанка Михајловска, родена 2013 година, освои 2 место во дисциплината 50 метри грбно.Уште настапија Михаил Петковски, Ања Бошевска, Мишел Бошковска, Искра Талевска, Петар Ангелевски и Владимир Јованов.

More from ВестиMore posts in Вести »