Управата на македонскиот прволигаш, Пелистер одлучи да ја продолжи соработката со 20 годишниот Стефан Ивановски од Битола и потпиша нов професионален договор за верност кон клубот уште најмалку една сезона.
Стефан Ивановски игра на позиција десен бек, а целата своја досегашна кариера ја мина во родниот град. Потекнува од младинските категории на битолчани и за него продолжува сонот да ги брани боите на својот омилен клуб.
Веќе втора сезона настапува во сениорска конкуренција, а ова за него е втор професионален договор во кариерата. Оваа сезона веќе се наметнува како стандарден првотимец и досега беше стартер на сите три натпревари во ПМФЛ.









