Денес, недела, 25 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со можност за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, понеделник, 26 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени.






