Press "Enter" to skip to content

На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)

На патеката на славните во Битола “Сите сме Манаки“!, силно викна британскиот кинематограф Питер Бижу пред својата ѕвезда во Битола.

Битола е единствен град во светот со Патека на славните посветена на кинематограферите, а попладнево на Широк Сокак откриени се ѕвезди на лауреатите на Златна камера 300, Бруно Делбонел и Питер Бижу ќе ја отворат својата ѕвезда и на Роби Милер. На „Патеката на славните“ лично својата ѕвезда ја откри Питер Бижу, ланскиот добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус. Британскиот кинематографер Бижу својот прв и единствен Оскар го доби во 1988 година за американската драма „Мисисипи гори“ во режија на Алан Паркер, а во која настапија актерите Џин Хекман и Вилијам Дефо. Во плодната кариера на Бижу е сврстена соработката со познатата актерско-сценаристичка група „Монти Пајтон“. На свеченоста во Битола, во присуство на директорот на фестивалот Симено Мони Дамески, лауреатот, Бижу силно викна – „Сите сме Манаки“!Својата ѕвезда ја откри и францускиот кинематографер Бруно Далбонел, годинашен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус. Далбонел во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“ прв пат стана лауреат во 2022 година кога беше награден со специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава и за животно дело. Далбонел освоил две од вкупно шест номинации за Оскар, а вечер во Битола во негова чест ќе биде емитуван филнот „Амели“. Од денеска на Широк сокак за јавноста видлива е и ѕвездата на еден од најголемите светски кинематографери, Роби Милер од Холандија кој почина на 78 годишна возраст. Милер во 2002 година беше добитник на специјална награда златна „Камера 300“ за специјален придонес во филмската уметност, а во 2016 година беше награден со златна „Камера 300“ за животно дело.На отворањето на звездите присуствуваше и француската делегација од Француската Амбасада во Македонија. Деновиве се продолжува со свечено отворање на ѕвездите на почесните лауреати кои добиле “Златна Камера 300“ на претходните фестивали на “Браќа Манаки“. Божиновски часовници и накит , кои стојат зад идејното решение, ги изработија ѕвездите од месинг со внимателно изгравирани имиња на лауреатите и вградени во мермерни плочи. Гранитните плочи, идентични со оние што го поплочуваат Широк Сокак, ги изработи компанијата Крин од Прилеп, а ги постави компанијата Македонски глас. Тескст и фото:  Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »