Тиквеш – Пелистер 96:84
Кошаркарите на Пелистер од Битола со лесна победа ја почнаа новата сезона во Првата лига и како гости рутински го победија Тиквеш со резултат 84:96, со што актуелниот вицешампион ја оправда фаворитската улога и на паркетот во “Јасмин“ во Кавадарци.
По рамноправниот старт на натпреварот Пелистер направи серија од шет поени за водство од 7:10, и плус влегоа во шутерски ритам, па со тројките на Ташовки и на Мишковиќ стигнаа до 9:16. Тиквеш ја намали негативата и првата четвртина заврши со само два поена разлика 21:23.
Кошаркарите на Александар Петровиќ ја создадоа клучната разлика во втората и третата четвртина, а на паузата Пелистер водеше со 37:49. “Пелистрерци“ влегоа одлично и во второто полувреме, а за само неколку минути веќе имаа 44:65. Третата четвртина заврши со 57:76, а потоа се беше рутина до првиот триумф на стартот на новата сезона.
Во следното коло Пелистер ќе се соочи во дербито против шампионот МЗТ Скопје.








