Кошаркарите на Пелистер вечрва во Битола продолжуваат во натпреварувачки ритам, па денеска на домашен терен во 18.30 часот, во спорстаката сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат составот на МЗТ Скопје.
-МЗТ Скопје станува збор за противник со кого создадовме сериозно ривалство во изминатите години, а желба на сите во зелено-белиот табор е со триумф на денешниот дуел во Битола да се потврдат високите амбиции, истакнуваат од КК Пелистер.
Тренерот на КК Пелистер, Александар Петровиќ, пред денешниот натпревар рече:
-Што се однесува кон противникот ние се знаеме како екипи затоа нема големи тајни измеѓу нас ќе одлучуваат нијанси и мислам дека ќе биде понеизвесна од таа што ја игравме во Супер купот. Во суперкупот издржавме три четвртини сега играме на домашен терен очекувам салата да биде исполнета со публика и нормално добар натпревар. Доста одлучува оваа утакмица иако е второ коло, почеток на сезоната сепак нас ќе ни значи победа на овај натпревар.
-Извлечени се поуки од првиот натпревар каде што имавме доста проблеми со дефанзивниот скок и мислам дека тука ја изгубивме утакмицата и во второто полувреме доста потфрливме и во шутот. Тимот е малце повоигран бидејќи одигравме и еден натпревар од домашното првенство, додава Петровиќ.










