На Селечка Планина кај Прилеп се одржа 10. изданието на планинска трка “Momata rock trails“ во организација на здружението “Единак“ од Прилеп, а на неа трчаа 25 тркачи од Битола од тимовите “Tim PELXTR“ и “X-Fit Bitola“.
Се одржаа две трки и тоа на 10 и 20 километри, а на стартот се појавија 150 тркачи.
-Имавме тим од 16 натпреварувачи, а сите беа дел од организацијата на “Pelister Unique Trail Marathon“, а се натпреварувавме во тимот “Tim PELXTR“, вели Ненад Лазиќ, директор на Pelister Unique Trail Marathon, кој овој пат се појави и како натпреварувач.
-За само 3 години откако ја започнавме организацијата на трката на Пелистер и го форморавме клубот, се радувам што потикнавме голем број нови тркачи да почнат да трчаат со нас. А, би додал дека годинавана на “Momata rock trails“ имавме победник во категорија 10 километри мажи, а тоа е Ратко Мирчевски, вели Лазиќ и додава:
На трката се натпреваруваа и тркаците од тимот на “X-Fit Bitola“, а во женска конкуренцијата на 10 километри во “Toptas Trail“ третото место го освои Елисавета Димовска.

Прво место за Ратко Мирчевски од “Tim PELXTR“ и трето за Елисавета Димовска од “X-Fit Bitola“ на “Momata rock trails“
More from ВестиMore posts in Вести »
- До 80 години отплата и животно осигурување на трошок на банката – нов кредитен пакет за пензионери од АЛТА банка
- Нова ресурсна соба во ООУ “Ѓорѓи Сугарев“ – Битола
- СВР Битола: напад и повреда на комшија со стаклен предмет
- Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени
- Двајца битолчани дел од тимот на “Аџибаден Систина“ кој изведе роботски асистирана нефректомија
More from СпортMore posts in Спорт »
- Општина Битола и со ЖРК Пелистер ќе потпише ракометна платформа
- Пелистер го победи Работнички како домаќин во Новаци
- Еурофарм Пелистер со бод се враќа во Битола од Охрид по ремито покрај езеро (фотогалерија)
- “Двојката“ поразена од Вардар на отворањето на сезоната
- Младиот црногорски талент Данило Гутиќ засилување за “двојката“










