Press "Enter" to skip to content

Мамдух Шебиб е во Битола: јас сум како вас, Македонците, сакам сонце, слободен свет, и ќе уживам тука!

Еурофарм Пелистер во Битола и официјално го претстави Мохамед Мамдух Шебиб, египетскиот кружен напаѓач доаѓа од Кувајт и има трофеј во Лигата на шампионите со Монпелје во 2018 година. 

Шебиб пристигна во Битола на потпис на договорот. Тој веќе позираше и со дресот Еурофарм Пелистер, ќе го носи бројот 89, а ги сподели и своите први импресии по доаѓањето.

-Во тимот има многу ракометари со кои сакав да играме, има многу легенди, многу ракометари кои играле во големи клубови во Лигата на шампионите и македонски репрезентативци против кои играв во националниот тим. Македонците се слични како нас, сакаат сонце, сакаат слободен свет и баш тоа го затекнав тука. Во Египет имаме одлични навивачи, но така е и овде и едвај чекам да заиграм во Битола и да ја почувствувам атмосферата и поддршката. Малку е потешка ситуацијата во која се наоѓаме по поразите минатата недела. Ја разбирам, но како играч барам поддршка од сите да излеземе од овој период и да отпочнеме нова победничка серија. Зборував со Карим Хендави, тој е како брат за мене. Зборував и со Калифа Гедбан, Суси, Хосни и ми кажаа дека ќе уживам во ракометот тука, изјави Шебиб.

Еѓипќанецот во својот ракометен пат беше дел од повеќе европски клубови, играше и во Африка и Азија, а зад себе има и богата репрезентативна кариера. 35-годишниот Мохамед Мамдух Шебиб ќе биде регистриран за следните предизвици на Еурофарм Пелистер во Суперлигата и Лигата на

More from ВестиMore posts in Вести »