Press "Enter" to skip to content

Нова убедлива победа на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола (фотогалерија)

Во рамките на 4 коло од втората државна лига, Пелистер Волеј ја декласира екипата на Македонија Макс од Струмица со максимални 3:0, по сетови 25:02; 25:03; 25:13; Дозволувајќи му само 18 поени во трите сета на противникот и со тоа покажаа дека немаат милост на патот кон првата лига, па оваа година газат сѐ пред себе, а до сега имаат 4 од 4 и без загубен сет се наоѓаат на самиот врв на табелата. На сите досегашни натпревари сите одбојкарки добиваат шанса да ја искусат победата на теренот, па отсуството на Ристевска и Андоновска за сега добро е покриено од останатите играчи. Сепак, вистинското лице и моќ на екипата се очекува со нивното враќање на теренот кога целиот тим ќе биди комплетен.

Фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »