Press "Enter" to skip to content

Изложбата на стари фотографии “Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (фото)

Вечерва во Завод и Музеј во Битола беше отворена изложбата на стари фотографии насловена “Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар, 1905 – Битола , 1996).Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија, а на изложбата се прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи (стаклени плочи) и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. За изложбата зборуваше директорот на Завод и Музеј, Зоран Николовски кој нагласи:-Чест е да се присутавува на изложба на фотографии еден наш познат фотограф, Зафир Ошавков, кој како естетика и начин на работа ни прикажува нови фотографии за разлика од она што до сега го знаевме од фотографиите на браќата Манаки. Во разговор со фотографот Ќамилов ми кажа дека не постои уметничак фотографија без режија, а како поминува времето се повеќе сум убеден дека тој е во право. Дека тоа е така и вечерва се уверив од фотографиите кои ги гледаме, а се создадени од Зафир Ошавков, кои освен што се правени со љубов, со работа има во нив некој тип на режија. Ова што го гледаме се уметнички фотографии кои не би можеле без тоа да се направат.За сопствената изложба Роберт Јанкулоски рече:-Почитувано семејство Ошавкови, кои сега го имате презимето Поповски и Топаловски, многу ми е драго што сте тука затоа што го препознав стариоот Ошавков, бидејќи внукот е истиот Зафир, кој го знам само од фотографии. Сите ве чутсвувам блиски пријатели бидејчи јас долго време сум присутен во Битола, повеќе од 25 години ја истражувам битолската фотографија. Зафир Ошавков, односно фотографиите на семејството Ошавкови, бидејќи фотографијата кај Ошавкови не почнува со Зафир туку со неговите браќа  Васил и Фердинанд, ги чувствувам многу блиски затоа што голем дел од материјалите ги имаме во Македонскиот центар за фотографија, кои на некој начин ги имаме спасено благодарение на семејството додека ние ги прибравме. Во таа документација нема само фотографии туку има и голем број на писма, документи, фотографска литература, прибор за работа.-Според сето тоа јас знам голем број работи за нив, како е создадено студиото и други работи. Ние без да знаеме оваа година одбележавме и 100 години  од формирањето на нивното големо студио во Битола, затоа што тие во Битола од Дебар се доселиле до 1919 година, а 1924 година го градат и го отвораат големото студио кое за жал во 1948 година е срушено заедно со Пекмез пазарот. Во Македонскиот центар за фотографија примени се преки 9.000 стаклени плоши, околу 400 оригинални фотографии и ова само една капка од она што го имаме обработено и издадено. Се надевам дека во иднина ќе најдме финансии и енергија да направиме поголема изложба, дури и постојана поставка во Битола која ќе сведочи за овие креативни луѓе и за дел од историјата на Битола, додаде Јанкуловски.Изложбата во НУ “Завод и Музеј” – Мала сала во Битола ќе биде поставена до 31 декември 2024 година.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »