Press "Enter" to skip to content

Бобан Стајиќ: Сакаме победа над Тиквеш за успешен крај на 2024 година

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес играт натпревар на домашен терен против Тиквеш, 18.30 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Целта е и повеќе од јасна, да се стигне до триумф што би бил четврти во низа за битолските „зелено-бели“, за успешен крај на 2024 година и најава за уште подобри резултати во годината што следи.

-Ова е последен меч во Битола за нас оваа календарска година, секако мотив плус со победа да завршиме и да влеземе во добро расположение во новогодишната пауза. И покрај големите падови што ги имавме во првиот дел од сезоната, успеавме со добри игри овој месец да се пробиеме при самиот врв на табелата, наша желба е да продолжиме во ист ритам“, истакнува Бобан Стајиќ, плејмејкерот кој е еден од најдобрите поединци во тимот на Пелистер во досегашниот дел од сезоната.

Битолчани ќе ја имаат фаворитската улога против Тиквеш, но Стајиќ предупредува дека овој ривал никако не смее да биде потценет.

-Пред нас е дуел со Тиквеш, тоа е неззгодна екипа што може да изненади секого, затоа не смееме да си дозволиме да ги потцениме кавадарчани. Клучно ќе биде да отвориме со добра енергија и да одиграме цврсто во одбраната во текот на целиот натпревар, вели Стајиќ.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »