-Вечерва на 9. ден од “Зимската приказна“ на преполното плато на Офицерски во Битола етно-поп дуо “Next Time“ одржа одличен концерт на радост на присутните кои уживаа и со нив заесни ги пееја нивните хитови.
Студеното време и неколку степени под нулата не беа пречка за битолчани да го “наполнат“ платото пред Офицерски дом, секако беа во најголем број за настапот на етно-поп дуо “Next Time“.
Браќата близанци Мартин Стефан Филиповски, во продружва на нашиот сограѓанин Никола Мицевски на клавијатури и хармоника, направија концерт кој присутните, не само од Битола, кој ќе им остане во сеќавање не само по студеното време, туку по одличните изведби и по одличниот контакт со публиката.
“Next Time“ ги изведоа нивните обработки на македонските песни, но и песни кои ги пеела во почеток на нивната кариера, македонски песни, кои ги пееја заедно со присутните, кои ви враќаа на сцената за уште една песна.
Претходно на сцената кај Офицерски настапија “Kangoo power performance“ – ТК „Данза Есперанза“ и музичка група „The Groove“, а за крај пееја “Sinful Glare band“.
Во дневната програма во старата битолска чаршија имаше „СИ – ДО Новогодишен концерт,
„Писмо за Дедо Мраз“ – инклузивен настан, “Креативна Нова Година“, новогодишен детски танцов перфоманс на TK “Данза Есперанза“, детска претстава “Новогодишни подароци“ и
театарска претстава “Новогодишна Шекспирова Бајка“, како и “Празнична Магија“ – музичко танцов перформанс за деца и млади на “Анастасија Центар“.
За утре, 10. ден од “Зимската приказна“ на главната сцена кај Офицерски дом ќе настапат групите “Чоканче“ и “Паркети“ како и “Elixir band“.

“Next Time“ на минусна температура ги стопли битолчани на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)
- Нема “карти“ за вечното ракометно карти Еуеофарм Пелистер – Вардар во Битола, веднаш распродадени
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 13 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Македонскиот виртуоз на виолина Владимир Костов и камерниот оркестар „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во срцето на Битола!
- Самостојна изложба на Бојана Артиновска во “KAMAI MEDIA“ – Битола
- Со концерт на Гамазда, кралицата на пијано кавери, затворен Фестивалот “Музика од светот“
- Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи во Битола на 6 декември










