Вечерва до полноќ траеше концертот на групата “Боеми“ од Битола, кој се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола, во рамките на 14. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола по повод Новогодишните и Божикните празници.
Музиката на “Боеми“ и препознатливиот глас на Столе ги стоплија и ги “натераа“ битолчани да запеат и заиграат на 0 степени.
А звуците на гитарата на Стево, клавијатурите на Панскиот, саксафонот на Стевче… ги разгалија битолчани, а како и рекоа, сто пати ги имаме слушано и пак дојдовме, иако е студено, но песната на “Боеми“ мора да ја слушаме.
Претходно на “Зимската приказна“ пред Офицерски дом во Битола настапи со свој ди-џејсет “Dj Acika“ и групата “Emotion Band“.
Утре ќе настапат експериментален рок бенд “Tsar Von Time“, “SinteticSAX Ekipata“, и групите “Серенада“.
“Чаршијата е Битола“ е насловот на концертот на групара “Оскар“.











