Press "Enter" to skip to content

ФК Конзули ветерани Битола го одбележа крајот на годината (фото)

Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола, со традиционална вечер во ресторанот “Вила Виста“, симболично објави крај на есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2024/2024.

Фудбалетите и членовите на здружението, помагателите и гостите ги поздрави Горан Кулевски, кој при тоа рече:

-Седум години постоење се зад нас и можам да кажам во мое име и секако и во име на сите се гордееме со тоа што го имаме направено. За годината која измина сакам само да кажам дека зедовме учество на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“ во Босна и Хрватска, а за оваа година се надеваме дека на еден дел од турнирот ќе бидеме домаќини во Битола.Вечерашното собирање го искористија и за традиционалното вртење на паричката, а најсреќен беше фудбалерот Пеце Најденковски.

-Оваа година малку поранивме, но оправдано бидејќи најголем број од членовите патуваме за Хрватска каде организирано ќе ја бодриме македонската ракометна репрезентација во Вараждин. Ова ќе биде 16. по ред да бидеме дел од Македонската фаланга, на светските и европските првенства, рече Кулевски.-Оваа година за прв доделуваме плакета на порталот Битолањуз, кој од нашите почетоци е дел од нас и секогаш е со нас и редовно известува за нашите активности, а секако нашата соработка ќе продолжи, како и што пишува на плакетата, рече Горан Кулевски.