“Bitolanews“ во Вараждин, Хрватска
Унгарија – Македонија 27:27 (14:14)
Македонската ракометна репрезентација во последните секунди од натпеварот прими гол и одигра само нерешено во Вараждин, Хрватска, пред 2.500 гледачи, половина и повеќе од Македонија, а во “Фалангата“ најповеќе навивачи од Битола.
Натпреварот ќе остане запишан дека избраниците на Кире Лазаров играа натпревар за историјата на ракометната игра, но по натпревартот навивачите останаа со горчина дека Македонија можеше да победи, а и требаше.
Натпреварот започна со брза игра, Унгарците подобро играа одбрана, а нашите грешеа и во 8. минута веќе беше 5:2 за нашиот противник. Македонија направи силна серија од 5:0 и прво водство. Капитенот погодо “празен“ гол за 5:7. Четвртиот гол на капитенот Кузмановски, беше знак за минута одмор за Унгарците.

По новите одбрани на Митревски беше највисоки 6:10 во 17. минута, а потоа и на 9:11. На одмор се замина со нерешен резултат, 14:14.
На стартот на вториот Македонија ја врати предноста, но следеа техничките грешки за водство на Унгарија повторно ја презеде предноста, која беше со гол преднот 19:20. Унгарскиот стручен штаб побара минута одмор на средина од вториот дел, откако повторно Македонија се покажа подобра на теренот.
Унгарија водеше со 24:23 во 53. минута, а потоа Македонија ја врати предноста, 24:25 и напад за +2. По израмнување во 55. минута. Погоди Кузмановски за 26:27 на сто секунди до крајот, Митревски го одбрани последниот напад на Унгарците, но ја загубивме топката заради пасивен напад и Унгарците преку Лигетвари израмнија на 27:27.
Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола.
Фото: Сашо и Дамијана Ристевски











