Press "Enter" to skip to content

Дела на поранешни професори и ученици од Горната Гимназија изложени во Магазата

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола вечерва во “Магазата“ свечено отворена изложбата на дела на поранешни професори и ученици кои поминале низ Гимназијата насловена “Историски осврт на автори и уметници кои предавале или учеле во Гимназијата“.  

На изложбата се обрати директорката на Гимназијата Лидија Споа која што рече: – Секој треба да го знае значењето на 6ти февруари. Првиот час во Гимназијата одржан на современ македонски јазик. За нас многу значаен ден се надевам дека и за вас. Бидејќи патот за да се стигне каде што сме сега не бил ни лесен ни краток. Вредно е да се каже дека во гимназиските клупи завршиле голем број на уметници кои оставиле некоја трага. Тука ќе ги спомнеме графичарите, резбарите заедно со многу уметници кои што негуваат една модерна форма на изразување. На тој начин се роди и идејата со моите колеги да ја направиме оваја изложба и да ги собереме сите заедно. Бескрајно им сум благодарна на сите луѓе кои ни ги отстапија сите дела од домашната колекција и ја направија оваа изложба уште побогата и уште поубава. – Се работи за еден процес кој го работевме неколку месеци. Идејата беше да направиме една збирка од луѓе кои поминале низ Гимназијата сеедно дали биле како професори или како ученици. Процес кој што веројатно ќе потрае следните години бидејќи ова што го направиввме сега е само гребење на површината. Овој процес бара доста анализа доста копање по разни документации. Исто и јас сакам да се заблагодарам на луѓето кој што ни излегоа во пресрет околу оваа изложба рече Александар Поповски професор по ликовна уметност во Гимназијата. Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »