Press "Enter" to skip to content

9. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола започна со прес, промоција на книга и концерт на квартетот на Христијан Ристески (видео + фотогалерија)

Годинешното 9. издание на “Џез фактори фестивал“ вечерва во Битола започна неконвенционално, со прес- конференција, со промоција на книгата “Прошетка, чекорење по мазохизмот“ на Иван Благојевиќ и музички дел – концерт на концерт на квартетот на Христијан Ристески, а сето тоа во “Утопија“ во Битола, а ќе се одржува од ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година.На прес конференцијата зборуваа директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски, Иван Благојевиќ, директор и основач на Џез фестивалот во Ниш, “Нишвил“ – Винко Михајловиќ, директор и основач на Џез фестивалот во Петровац, Црна Гора – Драган Влајниќ, директор и основач на Џез фестивалот во Кикинда, Србија. Модератор беше Неда Маретиќ.Директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски и рече:-Девет години џез фестивал не е мала бројка и ова сега е сериозен фестивал според зборовите на многу наши партнери и соработници. Деветтото издание на “Jazz Factory Festival“ потврдувајќи ја својата позиција како единствена национална џез платформа во Македонија. Надминувајќи го класичниот фестивалски формат, Jazz Factory Festival прераснува во национално културно движење, кое ги поврзува градовите, уметниците, институциите и публиката преку современиот џез израз.-Годинава фестивалот ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија,. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и
професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата, додаде Поповски. 
Сите гости искажаа благодарност за поканата да бидат и оваа година да бидат дел од “Jazz Factory Festival“ во Битола, иако некој од нив бил и претходно во Битола.-Гостите ни посакаа, нам како организатори, успешен фестивал, со желба 10. по ред во 2027 да биде посебен и достојно да го одбележиме јубилет кој за еден ваков фестивал е голема работа, рече Неда Маретиќ.Идејното решение за плакатот е на Даниел Ѓурчиновски, за кој Поповски рече:-Плакатот, со кој морам да кажам дека ме изненади Даниел ја отсликува состојбата во културата кај нас, свртена туба од која никој не свири, а сета излеѓена со селотејп кој јкажува дека и оваа година се е крпено, сечено, лепено, но сепак се организира “Jazz Factory Festival“ со помош на Општина Битола, без помош од Министерството за култута и со помош на “Синпекс“ компанија која оваа година и во иднина ќе ја доделува наградата за млад музичар.Годинава фестивалот ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата.На 16 април во НУ Народен театар Битола настапуваат Tribevibers – Blal Ljujić
Pierre (Франција) и Mattan Klein – Gent Rushi Trio (Израел/Албанија), во Pub Bourbon Street – Битола настапува Aleks Jazz Quartet, а во Скопје, Audiokultura е домаќин на австрискиот состав Oststyrian Rhythm Section, како и на промоција на книгата на Благојевиќ.На 17 април, фестивалот става силен акцент на едукација и развој ќе се одржи Jazz Factory for Kids во Europe House Битола и мастер клас на Lukas Meissl (Австрија), а ќе се доделинаградата „Гоце Димитровски“ на Христијан Ристески. Во НУ Народен театар Битола настапуваат Voice and Bass (Унгарија) и Oststyrian Rhythm Section (Австрија).На 18 април, ќе се одржи Годишната конференција на асоцијацијата на џез фестивали, со што се зајакнува регионалната и меѓународната соработка, додека вечерта во Дом на култура „Илинден“ – Демир Хисар настапува полскиот бенд JUMA.

Завршницата на фестивалот е на 19 април во Охрид (JazzInn) со концерт на JUMA (Полска).Пред 32-то издание на џез фестивалот “Нишвил“, во Ниш, кој се одржува од 8 до 15 август, организаторите започнуваат серија промоции во Македонија и Белград. Под слоганот „30+ години мазохизам“, сакаат да укажат на тешките услови за организирање на уметнички фестивал на југот на Србија.Претставувањето на книгата започнува токму во Битола во рамките на “Џез фактори фестивалот“. Истата е од режисерот Иван Благојевиќ, директор и основач на легендарниот Нишвил, кого го нарекуваат и хроничар на душата, а во неа има 25 кратки приказни за организацијата на џез фестивалот “Нишвил“ во Ниш, Србија.-Подготвувајќи го првото издание на „Нишвил“ пред 30 години, се насмеав добро кога Миша Блум тврдеше дека џезерите се големи мазохисти. Првите 10 на Нишвил, напротив, беа чист хедонизам. и со малку труд и многу мои сопствени пари, уживав во краткорочна организација без да се понижувам бркајќи спонзори и градски службеници. Што се смени после?, рече авторот, кој нагласи дека “Нишвил“ се претставува со: над 1.000 изведувачи, 20 сцени, 150 бендови, 300 програми, од кои половина се музички…

За крај на вечерта во “Утопија“ беше настапот на квартетот на Христијан Ристески, годинешниот добитник на наградата за најдобар млад џез музичар, во чии изведби ужуваа љубителите на џезот во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »